За Трајче, со златното срце

За Трајче, со златното срце

Другар мој со златно срце, секогаш ми велеше ” Нема повеќе другари, само пријатели ” . И во право беше. За оние кои не знаат јас ќе им кажам. Ти беше човек за во друг век, секогаш велеше ” се чувствувам како да не сум за овај свет” . Твоето срце беше предобро за овај свет. Затоа и престана да чука. Одеше од клиника до клиника, не спиен, уморен, но секогаш велеше: “Нема да ги оставам пациентите сами” . За сите други гледаше само за себе не. Немаше шанса да не кренеш слушалка, да не помогниш. Човештвово изгуби еден Човек со големо Ч! Трајче, бескрајно ќе ми недостигаат твоите совети, разговори, мојот другар. Твоето малечко срце во кое ги збираше сите не издржа дете златно. А моето срце е попразно за еден другар. Чест и привилегија ми беше што те познавав, што беше мој другар, но загубата многу болит Трајче! Се сеќаваш ми рече: ” Умрен сум за спиење, сакам да спијам барем два саати” . И заспа ете. Се надевам дека сега ќе се одмориш и ќе спиеш мирно. Се надевам дека таму горе ќе си посреќен. Ах бе другар, ни го скрши срцето, не парчоса. Еден ден можеби далечен, ќе се видиме таму горе, прво тебе ќе те побарам. И ќе те искарам зошто останав без најдобриот другар. А оние што говорат лоши зборови, прости им, не знаат што зборуваат. Да би знаеле еден дел од твојата душа би плачеле. Тие лоши луѓе кои се зли, не вредат. Се сеќаваш на муабетот: ” Како издржуваш на работа “? Ти секогаш даваше одговор : ” Тоа е Све за Љубав “. Љубовта твоја да му помогнеш на секој е поголема од туѓи погани зборови. Ти вечно ќе живееш во нашите срца. Во моето вечно. И ти не умре. Ти само отиде во друга галаксија да продолжиш да помагаш. Само Ангели како тебе му требаат на Бог. Чувај се пријателе, и чувај не ! Вечен да си! И не се секирај Нема да бидеш заборавен. Летај со ангелите дете златно. Се гледаме некад.

Мојот поздрав, не последен, за еден Трајче , детето со златното срце.

Јасмина Петковска Белиот Лебед

….

Не прашувај Еј, такви очи немаш видено

Не прашувај Еј, такви очи немаш видено

Од едни до други очи отидов,сите беа исти, иста боја, гледај сите се празни немаат приказна. Неговите очи живеат во сегашноста, а во нив собрани три времиња. Минатото како игра Валцер на Бољшој, гитарите на Roxette. Не прашувај еј, такви очи немаш видено. Цел еден свет собран во еден пар очи. Да ви кажувам како гледаат. Како огледала, сјаат од живот, пркосат од раскош, низ нив чекорам, ги отворам вратите, како да отворам цели концерти, филхармонии, балерините на Чајковски. И оставете ги овие мои луди зборови, поетски фрази. Не се опишуваат тие очи со ниеден епитет. А човекот кој ги носи тие очи, што да ви раскажувам! Во кој век и да го ставите ќе го обележи! Ти стојат бе, ти личат! КАКО НЕКОЈ КАЗАНОВА ЕЈ! Ничиј, а секогаш свој. И зима и лето ти е со него, и пролет и есен. Ти премрзнува кожата, срцето ти се топи. Цветаат сите твои мечти, пролет ти е во душата, есен во погледот. Пред тебе виулици, урагани ти поминуваат пред очите, катастрофи во душата. За да не заборавиш, знам јас, не се заборава тоа. А ако се заборава, вредело ли? Ако се заборава не било важно, не постоеле сите виножита во моите очи. И најлошото и најдоброто, вредат за такви спомени. Ќе ти речат ” не врти се, гледај напред”. Зарем секоја станица нема своја приказна? Секој воз не поминува ли низ секоја станица? Така е и со него. Сите перони, станици, болки кои бодат, насмевки од кои течат солзи, ноќи кои греат сонце а денови во кои има месечина. Се е наопаку со него. Цел свет ти е еднаш под нозете, друг пат врз главата. И, не, не можеш да му се лутиш него, зошто знаеш дека е вистина, онаа која се раѓа еднаш, а ти имаш прилика да ја видиш, да си поразговараш. Замисли Еј, од сиот свет, бап ти имаш прилика.

ЈАСМИНА ПЕТКОВСКА БЕЛИОТ ЛЕБЕД

Ти благодарам и за овој Божиќ Господе

Ти благодарам и за овој Божиќ Господе

Само пред тебе можам да се успокојам. Само тебе можам да ти замерам и да ти се налутам. Само со твојата рака на моето срце заспивам. Само со твојот благослов се будам. Пред тебе ја соголувам мојата душа и тело. Каде рана, каде лузна, секаде си закрпил Боже, секаде си ме зашил. Ми ја држеше ракава кога бев слаба, ми ги лечеше раните кои ме направија Силна. Колку пати сум ти била лута, двојно повеќе пати ти се враќав назад во солзи. И не е точно дека немав каде да одам. Само знаев дека во твоите раце е мојот дом. Гледам нагоре во црквата, Боже ти си на сликата. Прости ми што не доаѓам почесто, но ти ме знаеш мене, јас секаде те носам тебе со себе. Луѓето носат крст на градите, јас не носам Боже. Мојот крст е мојата верба во тебе, мојот крст е моето срце кое ечеше и татнеше пред твоите очи и види заедно преживеавме. Боже ти пак ќе се родиш. Благодарам и за овој Божиќ. Моето срце и јас знаеме колку преживеавме, колку ти се молевме, колку клечевме пред твоите домови со раце сплотени, колку пати не успокоја, колку пати ни ја олесни тагата, ни ја смири болката. Кога и да ти се молам јас знам дека ти ме слушаш. Некогаш плачеш повеќе од мене. Прости ми Боже колку пати сум те натажила. Во твојата милост гледам, и се гордеам. Направи многу подобар човек од мене. И ако речам дека не сум грешна ќе лажам. Само еден беше безгрешен на овој свет а тој умре распнат на крстот за нас. Ти Боже. Ти трпеше болки и болки, и простуваше гревови и гревови. И ги затвори очите со насмевка. Затоа што знаеше. Знаеше дека ни требаш. Јас никогаш за никого, не сум видела толку љубов на едно место како за тебе Боже. Љубен си Боже. Само јас и ти ја знаеме душава. Отчет јас на друг не давам. Пред тебе мирно стојам со сите мои гревови до мене, и со сите рани на мене, и знам простено ми е. Знам мирна сум. Ја редам раката на срце и се насмевнувам. Те чувствувам тука си. На срцево. И ти велам: ,, Ајде Боже одиме, јас ќе се борам а ти ќе ми го чуваш срцето,,.

Јасмина Петковска Белиот Лебед

Не мораше да бидеме најубави, ни најбогати. Cамо јас и ти да бевме

Не мораше да бидеме најубави, ни најбогати. Cамо јас и ти да бевме

Очите најмногу плачеле.  Ќе бевме среќни, се сеќаваш? Ако и таму има сеќавања. Само што рековме: ” фер бил животот и за нас имало среќа”. Не мораше да бидеме најубави, ни најбогати. И само јас и ти да бевме, никогаш немаше да бидеме сиромашни. Јас сум побогата за еден човек во овој живот. Побогата за една љубов ама онаа вистинската. Побогата за еден спомен, оној кој ми го остави кога замина од овој свет. Лицето ми се смееше со тебе. Очите крај тебе. Се радуваа луѓето на сликите на социјалните мрежи, на нивниот богат живот, на патувањата со безброј фотографии. Но и ние се радувавме со нив зошто беа среќни. А нас не ни требаше фотографија на интернет. Нема таква социјална мрежа која може да ја собере таа фотографија. За љубовта толку место нема. Топол дом, чај и кафе. Тоа малку ни беше многу. Болката која ја чувствувам откако замина е нема. Не зборува. Такви зборови нема. Празнината во мојата душа е како Божји Храм. Секој ден таму се молам Бог да ми даде сила да го изживеам овој живот без тебе. Толку те сакав. Но знам, ќе ме чекаш ти мене да ти дојдам. И тогаш сум мирна на момент. Затоа што од тој свет не ќе можат да ми те земат. Јас ни на овој не те дадов. Бог те зема. Домот уште е топол, но на масата уште има шоља кафе плус. Уште правам и за тебе. Сама сум без тебе. Со тебе бев сигурна. И толку бев среќна што те имав. Таква среќа со пари не се купува. Не си сиромашен со толку љубов. Секогаш ќе го имам овој спомен и ова сеќавање. И давај ми сила, понекогаш да можам да поднесам. Овој недостиг. И чувај ми се, ангелу мој убав. Те љубам.

 Јасмина Петковска Белиот Лебед

Боже јас не ти го дадов а ти ми го зеде. Не праша.

Боже јас не ти го дадов а ти ми го зеде. Не праша.

05.07.2016 та- Три години откако физички и емотивно се разделив од еден човек кој го викав Вујче. Без претходна најава, без време за збогум, без прегратка и без се што толку многу сакав да ти кажам. Тој Петти Јули ми ја раздели душата на две. Во неа остави празнина која не се пополнува. Која ме потсетува колку ми недостигаш. Моето малечко срце стиснато како тупаница, чука толку брзо и немирно од помислата. Јас денес повторно поминувам низ истите болки, низ истите солзи, низ истиот страв, низ мојата душа поминвам која се кини обидувајќи се да стигнат овие зборови некаде до тебе и да ме слушаш. Јас пак се плашам како истиот ден. Уште се сеќавам на секундите, минутите, саатите. Мојата болка нема никогаш да се намали. Мојата љубов нема да се изгуби. Мојот недостиг од тебе нема никој да го надомести. Ти си еден. Беше. Лута ти сум што замина туку така. Јас не бев спремна за тоа. Јас мислев дека не чекаат многу долги години заедно, а не да заминиш на 40. Многу те сакав знаеш? Ти беше најдобриот човек кој некогаш сум го запознала. Ти беше Човек, една големина од душа, едно големо срце кое не издржа од таги. Една љубов во тебе за секого олкава. За мене секогаш чуваше прегратка која не се заменува. Како може еден човек да се умори од копнежот по тебе? Јас копнеам да си тука и да те гушнам. Копнеам по твојот лик, твојот глас, твоите раце. Копнеам да си секогаш тука, кога никој не е, да ми кажиш пак дека никој не може да растажи, дека си ти тука. Копнеам да си тука за да не се плашам. Без збор да ме разбериш. Се погрешно да исправиш, уште да ме чекаш на твојот балкон со кафе и прегратка мислиш планина. Како може човек да се раздели од дел од својата душа, и како може човек со сопствени раце да стави под земја еден толку млад и убав живот? Може. Може. Затоа што ти душо моја, зад себе ме остави не само мене, туку една девојка која преку ноќ мораше да постанит силна особа, порасната наеднаш, размавана од животот со неколку шлаканици за да се освестиш дека ова не е бајка, а најмалку розева. Дека некој туку така ти зема дел од твојата душа, парче од твоето срце, голем дел од твојот живот без повратен билет. Без перон на станица со гушкања и бакнежи за назад. Твоето отсуство го чувствувам секој ден. А овој ден ми е минато. Овој ден ми е страв, болка и болка. Уште кога ми е многу тешко и кога се плашам ја редам раката на срцево и те замислувам. Така ми е полесно. Така си мислам дека не сум сама. Колку пати сам знаеш одам во црква и се молам за да ме слушниш и да ми олесниш. Колку пати сум лута на Господа. Да можеш да гледаш сега ќе видиш колку ми е тешко и колку ми недостигаш. Јас постанав она што ти секогаш сакаше. Станав храбра и силна девојка, онаа која се бори за се, онаа која не се откажува од своите соништа, онаа која на крајот на денот силно ќе се исплачи затоа што била премногу силна. После тебе се смеам погласно. Ти таква ме сакаше. Насмеана. И ако за нешто најмногу ми е мака и ми кинит одвнатре тоа е што ти никогаш не беше среќен онолку колку што треба овде на земјава. А заслужуваше среќа тони. Беше премногу човек за луѓе кои не ти вратија така. Но барем си замина со чиста душа. Барем мир си најде. Знам јас ти во рајот си. Па не може и еден ангел да оди на друго место нели? Се надевам дека си многу среќен таму ангелу мој. Те молам чувај ми се. И не тагувај по мене. Јас нема да те изневерам во твоите очекувања. Понекогаш само долетај како бел гулаб на мојот прозор, ослободен од сите пранги и окови. Со широки крилја. Да знам дека леташ, да знам дека си тука. Боже јас не ти го дадов а ти ми го зеде. Знаеш вујче, за неколку дена ми е роденден. Оди и исполни ми една желба. Организирај една забава таму горе на небото со моите омилени. Нека пее Тоше Проески, нека пее Оливер Драгоевич, играј со најубавата русокоса Билјана Беличанец, и напиј се за мене. За мојата среќа. Посакај ми да бидам здрава,силна, храбра, љубена. Посакај ми да бидам се она што посакувавме заедно. Те сакам анегелу. Прости ми ако те растажив. Прости ми ако има нешто за простување. Прости ми што можеби не толку доволно ти кажав додека беше жив колку ми значиш и колку Те сакам. Збогум ангелу мој. Збогум и чувај ми се.

Со посвета од Јасмина Петковска Белиот Лебед

( Летај високо Галебе мој Тажен)

Ти си мој пораз, мој пад, јас емотивно сум поразена од тебе.

Ти си мој пораз, мој пад, јас емотивно сум поразена од тебе.

Љубов моја…

Не сум Шекспир ни Хемигвеј, само понекогаш умеам со зборовите. Имам потреба да ти кажам некој работи за кои требаше да имам смелост порано. Ти си мојата најискрена и најчиста вистина. Од првиот миг кога те видов знаев дека си ми приказна. Беше мојата прва мисла кога ќе се разбудам, и последна кога ќе заспијам. Јас не спиев со телефонот во раце, јас спиев со твојот лик во моето срце. Те носев секаде со себе и кога не беше физички тука. Јас не бев никогаш сама. Ти доаѓаше со мене секаде. И кога бев беспомошна и исплашена, ја редев раката на срце со затворени очи и знаев, ти си тука, ти ме чуваш. Не те убија во мене ниедни зборови кажани од злобни луѓе. Јас те убив во себе. Јас сум убиец на сопствената душа и на нејзината љубов. Уште сме скарани со душава знаеш? Никогаш нема ми прости. Јас те оставив, те напуштив, те исфрлив од мојот живот. А најповеќе се напуштив себе си. Но дали некој знае зошто еден човек би направил таков чин? Затоа што сакав да си среќен. Со мене тогаш, не ќе можеше да бидеш. Моите рани беа тазе сошиени, срцето секаде искрпено, напукнато. Конци имав на душава. Раните се залечија и не се гледаат. Тогаш ме болеа раните, а сега лузните. Беше права љубов во погрешно време. Моите прсти никогаш повеќе не се поклопија со друга рака. Прости ми што донесов права одлука во погрешно време. Прости ми што ја посакував твојата среќа повеќе од својата. Прости ми што ти го скршив срцето. Верувај ми јас веќе и го немам моето.Прости ми што го колнев она во што се заколнавме.  Ти си мој пораз, мој пад, јас емотивно сум поразена од тебе. Јас ја изгубив војната, а не битката. Војната која се вика Љубов. Се надевам дека си среќен некаде како што и заслужуваш. И љубен. Јас понекогаш се уште поминувам по твојата улица. Ми доаѓаат солзи но не плачам. Ти ме знаеш никогаш и не плачев. Но спомените се враќаат и кинат се во мене. На крајот на денот кога сите лажни насмевни ќе завршат, сите небитни разговори, ќе седнам во своите четири зида и се кинам во себе си. Ми рекоа бирај: Твоите или неговите крила? – Сама си ги скршив, твоите рани ќе ме болеа повеќе. Се уште некој ќе ме праша понекогаш за тебе. Ја кревам гордо главата и кажувам: Не, не знам каде е, но знам дека имав чест да му бидам љубов. Чувај се Клајд. Секогаш ќе бидам твојата Бони.

Јасмина Петковска Белиот Лебед

Ти благодарам за секој ден што си моја мајка. И моја душа

Ти благодарам за секој ден што си моја мајка. И моја душа

И да се вратеше времето назад, ти пак ќе ме избереше мене за твоја душа. И да знаеше се, ти немаше да ме промениш. И пак да имаше непростено, ти пак ќе ми простеше. И да имаше уште десет животи, ти пак ќе ме одбереше мене. И да знаеше се, ти пак ќе ги избереше твоите грижи за моите грешки. Пак ќе ги исплачеше истите солзи за сите мои болки. Пак ќе беше среќна на моите успеси. Пак ќе ме поддржеше во моите погрешни избори. Пак никој немаше да ме сака повеќе од тебе. Мамо ти благодарам за се. Ти благодарам за животот. Ти благодарам за детството. Ти благодарам за секој ден што си моја мајка. И моја душа. Те сакам.

Јасмина Петковска Белиот Лебед

 

Во твојата милост гледам и се гордеам, направи многу подобар човек од мене

Во твојата милост гледам и се гордеам, направи многу подобар човек од мене

Само пред тебе можам да се успокојам. Само тебе можам да ти замерам и да ти се налутам. Само со твојата рака на моето срце заспивам. Само со твојот благослов се будам. Пред тебе ја соголувам мојата душа и тело. Каде рана, каде лузна, секаде си закрпил Боже, секаде си ме зашил. Ми ја држеше ракава кога бев слаба, ми ги лечеше раните кои ме направија Силна. Колку пати сум ти била лута, двојно повеќе пати ти се враќав назад во солзи. И не е точно дека немав каде да одам. Само знаев дека во твоите раце е мојот дом. Гледам нагоре во црквата, Боже ти си на сликата. Прости ми што не доаѓам почесто, но ти ме знаеш мене, јас секаде те носам тебе со себе. Луѓето носат крст на градите, јас не носам Боже. Мојот крст е мојата верба во тебе, мојот крст е моето срце кое ечеше и татнеше пред твоите очи и види заедно преживеавме. Боже ти пак ќе воскреснеш. Благодарам и за овој ВелигДен. Моето срце и јас знаеме колку преживеавме, колку ти се молевме, колку клечевме пред твоите домови со раце сплотени, колку пати не успокоја, колку пати ни ја олесни тагата, ни ја смири болката. Кога и да ти се молам јас знам дека ти ме слушаш. Некогаш плачеш повеќе од мене. Прости ми Боже колку пати сум те натажила. Во твојата милост гледам, и се гордеам. Направи многу подобар човек од мене. И ако речам дека не сум грешна ќе лажам. Само еден беше безгрешен на овој свет а тој умре распнат на крстот за нас. Ти Боже. Ти трпеше болки и болки, и простуваше гревови и гревови. И ги затвори очите со насмевка. Затоа што знаеше. Знаеше дека ни требаш. Јас никогаш за никого, не сум видела толку љубов на едно место како за тебе Боже. Љубен си Боже. Само јас и ти ја знаеме душава. Отчет јас на друг не давам. Пред тебе мирно стојам со сите мои гревови до мене, и со сите рани на мене, и знам простено ми е. Знам мирна сум. Ја редам раката на срце и се насмевнувам. Те чувствувам тука си. На срцево. И ти велам: ,, Ајде Боже одиме, јас ќе се борам а ти ќе ми го чуваш срцето,,.

Јасмина Петковска Белиот Лебед

Вие сте тоа што сте одбрале да бидите.

Вие сте тоа што сте одбрале да бидите.

Немојте да ми се вадите на тоа дека вашето не вопитание, не култура, не знаење и речник од кој боли глава, се должи на тоа дека сте изранале во таква околина, во такво семејство и дека сте биле жртва на улицата и околината. Еднаш засекогаш да го расчистиме ова. Значит ВИЕ СТЕ ТОА ШТО СТЕ ОДБРАЛЕ ДА БИДИТЕ А НЕ ОНА ШТО ВЕ НАТЕРАЛО ДА БИДИТЕ. СИТЕ ИМАМЕ ИЗБОР И ПОКРАЈ СИТЕ НЕ УБАВИ ФАКТОРИ, ДА СЕ ОДЛУЧИМЕ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ КОЕ НЕ ЗАВИСИ ОД ОПКРУЖУВАЊЕТО ТУКУ ОД НАШ ЛИЧЕН ИЗБОР, ДА СЕ ОДЛУЧИМЕ ЗА КУЛТУРА КОЈА НЕ ЗАВИСИ ОД ОПКРУЖУВАЊЕ ТУКУ ОД ТОА ДАЛИ ТИ, ЈАС, ТОЈ САКАМЕ ДА БИДИМЕ ПРИМЕР ЗА ИСТАТА. ЗНАЧИТ ДА ПОЕНТИРАМ, СИТЕ СМЕ СЕ РОДИЛЕ И ИЗРАСНАЛЕ ВО НЕКАКВА СИ ОКОЛИНА, СМЕ ИГРАЛЕ НА УЛИЦА, НЕ СЕ РОДИЛ НИКОЈ НИЕДЕН ПРИНЦ ИЛИ ПРИНЦЕЗА. Барем во оваа држава НЕ. КОЛКУ ЌЕ СИ ПРИНЦ ИЛИ ПРИНЦЕЗА ЗАВИСИ ОД ТОА КАКОВ ИЗБОР ЌЕ НАПРАВИШ. Мене ми се допаѓаат принцовите и принцезите со богатство на душата и умот. Статусот може да си го додаде секој, но НЕ СЕКОЈ ЗНАЕ ДА СЕ НОСИ СО ЕДНА ОДЛИКА НА ДУШЕВНО И УМСТВЕНО БОГАТСТВО.
Јасмина Петковска Белиот Лебед